Изложба „Манаки фотографи одблиску“ во Кавадарци

Од:

Со отворање изложба на фотографии „Манаки фотографи одблиску“, подготвена од  Роберт Јанкулоски, Дирекцијата за култура и уметност на Скопје и Министерството за култура и оваа година го продолжуваат проектот „Кич, да!?/ сте или не/“, што се организира седум години.

Изложбата ќе биде отворена денеска напладне во Домот на културата „Иван Мазов-Климе“ во Кавадарци.

Фотографиите се изработени од оригиналните стаклени плочи во дисперзираната лабораторија на Македонскиот центар за фотографија. Материјалот е отстапен од Државниот архив на Македонија – подрачно одделение – Битола.

Дирекцијата за култура и уметност на Скопје соопшти дека целта на проектот е презентација и промоција на ликовната уметност и доближување на дела од врвни македонски и светски уметници до публиката.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“