Изложба „Мал формат“ на ДЛУМ

Од:

Во галеријата Империјал I во Културно-информативниот центар вечер ќе биде отворена изложбата „Мал формат“ на Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ).

На отворањето на традиционалната изложба ДЛУМ ќе додели признанија од областа на ликовната и визуелната уметност: „Димитар Пандилов“ за сликарство, „Драгутин Аврамовски-Гуте“ за графика и „Димо Тодоровски“ за скулптура.

Културно-информативниот центар ќе ги додели наградите: „Методија Ивановски-Менде“, „Константин Мазев-Коце“ и „Вангел Коџоман“.

– Малиот формат како творечки предизвик претставува честа дневна практика на ликовните уметници. Магијата на „малиот квадрат“ во површина 25х25 сантиметри е искушение и за најголемите мајстори на визуелната уметност. Чувството на внатрешниот порив да го совлада малиот квадрат, на концизен, лапидарен, понекогаш метафоричен и езоповски начин да го транспонираат собитието и мотивот од големите форми во помалата мерка, соопшти ДЛУМ.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“