Изложба и перформанс за моралната ерозија на нашето време

Од:

Во Мобилната галерија поставена во Парк на франкофонијата во Скопје, утре, со почеток во 19 часот ќе биде отворена првата самостојна изложба и перформанс на Дороти Пачкова.

Пачкова преку изложбата „Трансформација низ креации„ како млад уметник одлучува на публиката да ги претстави своите светогледи кон актуелноста, воедно коментирајќи ги и критикувајќи ги актуелните случувања во различните пори на општествениот живот. Воедно авторката чувствува потреба и должност, не само да ги бележи и констатира збиднувањата од денешницата туку и преку ликовен јазик, да изнаоѓа, создава и структуира начини на уметникување преку кои ќе влијае на подобрување на ова паднато општество.

Делата се секогаш различни и поседуваат модус на самоинтерпретација. Истите претставуваат трауматско разградување и надминување на паланечкиот дух на денешната морално первертирана средина, каде сите поими се свртени на глава и каде темните сили кои ја креираат општествената реалност се обвиени во сладникав нихилистички превез и систематски се наметнуваат како највисоки доблести.

Преку своите дела авторката ја отсликува/насликува духовната ерозија на денешницата која сега појасно од кога било се отсликува и во уметноста. Борејќи се постојано со оваа прагма вешто успева да не дозволи да биде заведена од небитнините кои лебдат околу нас и во својот опус се држи цврсто до патот на вистината како непроменлива константа без разлика колку таа е мачна и тешко дофатлива.

Во галеријата ќе бидат изложени повеќе дела изработени во период 2013/2014 во техника акрил, со димензија 200 цм. х 100 цм. На отворањето на изложбата уметничката ќе изведе ликовен перформанс во интеракција со посетителите, потикнувајќи ги да ја пронајдат својата креативна страна.

Изложбата ќе биде отворена до недела 05, октомври во период од 13.00 до 16.00 ч. авторката ќе слика во живо и ќе биде достапна за сите заинтересирани посетители.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“