Изложба „Холокаустот врз Ромите и Синтите и денешниот расизам во Европа“

Од:

Во НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје денеска ќе биде отворена изложбата „Холокаустот врз Ромите и Синтите и денешниот расизам во Европа“. Изложбата ќе ја отвори германската амбасадорка во земјава Кристине Алтхаузер.

Изложбата потекнува од Центарот за документација и култура на германските Синти и Роми во соработка со многубројни национални ромски организации во Европа.

Роми Холокауст

Таа го документира национал-социјалистичкиот геноцид врз Синтите и Ромите и тоа почнувајќи од нивната маргинализација и одземањето на нивните права во национал-социјалистичка Германија, па се до нивното системско уништување во окупираната Европа. Последниот дел од изложбата се однесува на актуелниот расизам против Синтите и Ромите.

Изложбата ќе биде достапна за јавноста од 6 до 16 април 2016 година.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“