Изложба „Експериментален цртеж 2014“

Од:

Во организација на Друштвото на ликовни уметници на Македонија, во галерискиот простор при Домот на Армијата, вечерва ќе се отвори изложбата „Експериментален Цртеж 2014“.

На изложбата ќе се претстават ликовни автори, членови на Друштвото од цела Македонија.

Изложбениот концепт на проектот „Експириментален цртеж“ претендира да го разработи процесот на револуционерното отстапување од интстутционалната вредност на цртежот и неговото ограничување на хартијата како фундаментален поддржувачки материјал, со цел да ја предизвика веќе прифатената дефиниција за негова презентација како едноставно дело на хартија. Селектираните дела ги трасираат основните на современиот цртеж почнувајќи од развој на линијата на пикторијален план, до неговите дигитални модификации.

Во оваа селекција ќе бидат прикажани цртежи кои можат да бидат дефинирани и како ко-продукт на други видови на креативни процеси, ставајќи го акцентот на неговата интердисциплинирана, когнитивна, перформативна или комуникативна функција.

Изложбата е поддржана од Град Скопје и ќе трае две недели.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“