Изложба „Архивите – ризници на спомени“

Од:

Во Музејот на македонската борба за државност и самостојност денеска ќе биде отворена изложбата „Архивите – ризници на спомени“.

Изложбата е изработена од страна на Архивот на Република Словенија, со поддршка од Министерството за култура на Република Словенија и во соработка со уште девет словенечки архиви, кои чуваат околу 75 километри архивски материјал, исклучително богатство од пишуваното културно наследство.

На отворањето ќе се обратат Кирил Петров, директор на Државниот архив на Република Македонија, Бојан Цвелфар, директор на Архивот на Република Словенија и словенечкиот амабасдор Милан Јазбец.

Изложбата ќе биде отворена во Скопје како резултат на добрата соработка меѓу Државниот архив на Република Македонија и Архивот на Република Словенија и нивниот договор за меѓусебна соработка, потпишан уште во мај 1998 година.

Изложбата има 25 паноа, 16 поглавја и повеќе од 140 документи, почнувајќи од IX век па се до 1990 година. Оваа изложба не е класична тематска изложба и во неа не станува збор за презентирање на конкретни теми, периоди, настани, процеси, личности или места, туку треба да ги претстави најважните сочувани архивски материјали во архивите на Република Словенија.

Би можело да ве интересира

Судски предмети се чувале во подруми: Надзорот откри пропусти на Судскиот совет

Орце Костов

Донирани 46 лични предмети на големиот македонски поет Анте Поповски во Музејот на на македонската борба за самостојност

А1он

Одбележување на Меѓународниот ден на архивите

Ана Ололовска

„Спомени од Првата светска војна“ во Музејот на македонската борба

Наум Локоски