На пригодна свеченост во Основното училиште „Крсте Петков Мисироков“ во кочанско Оризари, издавачката куќа „Просветно дело“ од Скопје донираше 156 наслови со илјада книги училишна лектира.
– Ова е втора донација во општина Кочани,која ја реализира „Просветно дело“ од Скопје.По донацијата на книги на подрачното училиште во село Нивичани, денеска донираме илјада книги со што сметаме дека ќе ја збогатиме училишната библиотека со потребните лектирни изданија, истакна директророт Павле Петров.
Според Катерина Михајловска, директор ан ОУ„Крсте Петков Мисирков“ во Оризари, за основното училиште оваа донација е од особено значење бидејќи се збогатува училишната библиотека со лектирни изданија кои се потребни за учениците.