Хуманитарен концерт на „Танец“ и МОБ за помош на поплавените

Од:

Ансамблот за народни песни и игри „Танец“ во соработка со Македонската опера и балет в среда од 20 часот ќе одржи хуманитарен концерт за поплавените подрачја во Македонија.

Ќе учествуваат солисти на Операта и солисти, танчари и оркестарот  на „Танец“. Цената на билетите е 200 денари.

На програмата се песни од народното творештво, кореографиите „Жетварка“, „Сретсело“, „Преспански игри“, „Малешевка“, оркестарските изведби „Шапкарево-касапско оро“, „Мерак тамбура оро“, „Моминско оро“.

Како солисти ќе настапат Марјан Стојановски, Сузана Спасовска, Билјана Јосифова и пејачки групи на „Танец“.

Би можело да ве интересира

Нов детски фолклорен фестивал во Битола

Ана Ололовска

Фестивалот и натпревар „Инструментите на моите предци“

Ана Ололовска

КУД „Кирил Пејчиновиќ“ – Теарце со Новогодишен концерт ги завршува годинашните настапи

Ана Ололовска

Онлајн промоција на првата музичка фолк сликовница за деца „Слушам кај шумат шумите“

Ана Ололовска

Изложба на фотографии од традиционални носии во Гевгелија

Ана Ололовска

В петок 33-то издание на „Охридските староградски средби“

Ана Ололовска