Групна изложба на македонски уметници во амбасадата на Македонија во Вашингтон

Од:

Во амбасадата на Северна Македонија во Вашингтон денеска беше отворена групната изложба Мултикултурна група на уметници на Република Северна Македонија.

На отворањето нa изложбата говореа вршител на должност амбасадорка на Северна Македонија во САД, Мариона Марку и кураторот Виолета Калиќ.

На изложбата се застапени 60 уметници од повеќе генерации со 91 дело изработени во различни техники како акрил, масло на платно, акварел, комбиниран колаж, рециклирани материјали, пастел и графика. Застапени се и такви техники како реди мејд, сајбер сфера и хипер реализам.

-Изложбата има за цел да ги прикаже нашите стремежи за поврзаноста со родот, нашата култура на живеење и обидите да се артикулира заедничкото, изјави за МИА Калиќ, куратор и селекторка на изложбата.

Изложбата во Северна Америка за првпат се отвори во Отава, Канада, по повод Денот на независност на нашата земја, а по излагањето во Вашингтон, планирано е да оди во Њу Џерси, Бостон и уште неколку други американски градови.

-Преку оваа поставка сакаме да ја претставиме Северна Македонија како ризница која акцептира бројни култури и ентитети и е предизвик за артикулација на бојата, пигментот, техниките, медиумите претставени во разни тематики и во разни генерациски рамки, изјави Калиќ.

Изложбата затапува плејада од македонски визуални уметници кои добиле национални и меѓународи награди и признанија. Некои, покрај тоа што се занимаваат со уметност, се и ректори, професори на факултати за ликовна уметност и училишта, шефови на катедри, декани или антрополози па и правници.

-Мирко Вуисиќ, шеф на Катедра за графичка уметност при Факултетот за ликовни уметности, Зоран Јакимовски, Јана Манева-Чуповска и Стефанов се од факултетот ФОН, додека Лидија Вуисиќ е од Учелиштето за применета уметност. Претставени се идоктори на науки, како Дита Старова, директор на Националната галерија, но и многу други уметници и фотографи како нашиот голем меѓународен визуелен уметник Влахо Бранѓолица, укажа Калиќ.

Во изложбата, се уште застапени и уметнците Мирослав Масин, Вангел Срнаков, Бурхан Ахмети, Зоран Јакимовски, Симона Јакимовска, Тони Шуљаковски и други. Многуминаод нив се со постојано место на живеење во други земји како Франција, Шведска или Германија.

Изложбата е организирана од Домот на културата „Кочо Рацин“ од Скопје, а финансирана од Градот Скопје и од Министерството за култура на Република Северна Македонија со поддршка и од Министерството за надворешни работи и амбасадите на Северна Македонија во Отава и во Вашингтон

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“