Гран при за Мице Јанкуловски на 19-тото Меѓународно биенале за графика во Варна

Од:

Гран при наградата на 19-тото Меѓународното биенале на графика 2017 во Варна, или како што уште се нарекува „Големата награда на градот Варна“, е највисокото признание на Биеналето, кое со одлука на интернационалното жири ја доделува градоначалникот на Варна, а оваа награда, вечерва ја доби Мице Јанкуловски при отворањето на изложбата и соопштувањето на наградите.

Меѓународното биенале на графика во Варна, со своето 19-то издание потврди дека се наоѓа меѓу најпрестижните манифестации од овој вид во светот. Доказ за тоа се големиот број пристигнати дела – 685, од кои за изложба и претставување во каталогот беа селектирани 475 дела од 350 автори од 57 земји во светот.

За наградите одлучуваше интернационално жири во состав: Стоимен Стоилов / Австрија – претседател и членовите: Магда Шплит / Полска – носител на Големата награда на Варна на претходното, 18 МБГ, Владо Георгиевски / Македонија – директор на Меѓународното триенале на графика во Битола, Доц. д-р Деница Јанева / Бугарија – професор на Академијата за ликовни уметности при универзитетот во Велико Трново и Венцеслав Антонов / Бугарија – Директор на МБГ и Галеријата на графичката уметност во Варна. Жирито ги додели следните награди:

ГОЛЕМА НАГРАДА на ГРАД ВАРНА – Мице ЈАНКУЛОВСКИ, Македонија
ПОСЕБНА НАГРАДА на ЖИРИ – Чакрит ЛАПАУДОМЛОЕТ, Тајван
ТРИ РАМНОПРАВНИ НАГРАДИ – Оја МАСАКИ, Јапонија / Мердад КАТАЕИ, Иран / Христо ЦАЦИНОЦ, Бугарија

Делото на Јанкуловски, носител на ГРАН ПРИ, е концепт од 5 графики насловен како „Формите на Венеција“ (сериграфии со апликација на флок, отпечатени во серија од 10, секоја со дименизии 100х70 см), куратиран од познатиот историчар на уметност и куратор Енцо ди Мартино од Венеција. Графиките можат да се разгледуваат поединечно, но најдобро функционираат во заеднички концепт. Беа печатени во познатото графичко студио „Фалани“ во Венеција и промовирани во нивниот центар за уметност на 19 јули 2017. Во овој момент сеуште трае изложбата на Јанкуловски „Формите на Венеција“ во Фалани Арт-центарот, па интересно е што додека таму трае изложбата, истото дело во Варна е наградено со највисокото признание на Меѓународното биенале на графика.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит