Гран-при на „Мал битолски Монмартр“ за Марија Дима од Букурешт

Од:

Интернационално жири на Меѓународната ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“ одлучи највисокото признание – Гран-при за изработен детски ликовен цртеж, да и се додели на ученичката Марија Дима од Букурешт.

Дима првпат го добива престижното признание освоено во конкуренција од 15 371 детски ликовни цртежи кои пристигнаа на адреса на детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“ во Битола.

Со одлука на жирито, специјална награда од фестивалот е доделена за детската палета цртежи изработена од ученици членови на Креативна уметничка работилница од Хонг Конг, Кина.

Според традицијата, организаторот во пресрет на најновото издание на „Мал битолски Монмартр“ кое почнува на 23 мај, ги соопшти и останатите награди за учество на меѓународниот ликовен конкурс.

Годинава добитниците се ученици од училишта во Словачка, Словенија, Израел, Турција, Србија, Романија, Тајланд, Турција, Малезија, Русија, Бугарија и од други држави, а познати се и 15 добитници на наградата „Златна четка“.

Би можело да ве интересира

Нова провокација во клучен момент – Бугарското МНР за реакциите во земјава за децата од „Мал битолски Монмартр“

Катерина Ѓуровски

Деца од Битола на средба со Радев без дозвола од родителите: Злоупотреба за политички цели, тврдат од Меѓаши

A1on

Завршува детската ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“

Ана Ололовска

Костадиновска-Стојчевска: „Мал битолски Монмартр“ е македонски културен бренд и промотор на нашиот космополитски дух

Ана Ололовска

Ново издание на меѓународната детска ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“

Ана Ололовска

Отворена меѓународната ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“