Нова провокација во клучен момент – Бугарското МНР за реакциите во земјава за децата од „Мал битолски Монмартр“

Од:

Благодарение на Фондацијата „Бугарска меморија“ и со поддршка на Министерството за надворешни работи на Република Бугарија, детското ликовно студио „Св. Св. Кирил и Методиј“ од градот Битола веќе една година реализира низа настани за талентирани деца од различни земји, од кои едната се одржа во Бугарија, се вели во реакцијата од бугарското Министерство за надворешни работи во врска со случувањата и реакцииите во земјава поврзани со „Мал битолски Монмартр“ и патувањето во Бугарија кај претседателот Радев.

– Обидите да се претстават ваквите позитивни иницијативи во негативен контекст во Северна Македонија предизвикуваат загриженост и збунетост. Нејасно е како како проблем се претставува демонстрацијата на почит од страна на официјални претставници на бугарската држава кон талентот на младите уметници и читањето на светски реномираното ремек-дело на литературата за деца „Малиот принц“ од шефот на државата на Република Бугарија. Повикот за поплаки против група деца кои ја посетуваат Бугарија, за што постои експлицитна согласност од нивните родители, е обид за формирање негативно јавно мислење и ставови и претставува притисок врз оние локални граѓани и организации кои го поддржуваат пријателството меѓу двете земји. Посебно вознемирува што тоа се случува во овој крајно одговорен момент, кога власта во Скопје се изјасни дека се стреми да создаде позитивна клима за усвојување на уставните измени. Градењето добрососедски односи со Бугарија подразбира радикално поинаков, европски пристап. Ги повикуваме нашите пријатели во Скопје да ги насочат своите напори за обезбедување на европската иднина на Северна Македонија. Секоја провокација која има за цел да оправда одредени политички одлуки во претстојниот клучен период ја става оваа иднина во ризик. Сметаме на институциите во Северна Македонија јасно и јавно да ја осудат оваа и другите слични провокации, се вели во соопштението од бугарското МНР.

Би можело да ве интересира

Деца од Битола на средба со Радев без дозвола од родителите: Злоупотреба за политички цели, тврдат од Меѓаши

Орце Костов

Завршува детската ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“

Ана Ололовска

Костадиновска-Стојчевска: „Мал битолски Монмартр“ е македонски културен бренд и промотор на нашиот космополитски дух

Ана Ололовска

Ново издание на меѓународната детска ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“

Ана Ололовска

Бербок: Договорената промена на Уставот да не се користи во натпреварот за популарност или да добивка на изборите

Македонската телевизија не се емитува во Бугарија, Ковачевски ќе бара одговор од МНР зошто

Катерина Ѓуровски