Деца од Битола на средба со Радев без дозвола од родителите: Злоупотреба за политички цели, тврдат од Меѓаши

Од:

Откако раководството на „Битолски Монмартр“ однесе деца од Битола во Бугарија на средби со актуелниот бугарски претседател Румен Радев и со Симеон Втори, поранешен премиер и син на царот Борис Трети, реагираше Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ дека тоа е класичен политички маркетинг и ништо повеќе од злоупотреба на децата за политички цели.

Неодамна деца членови на Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ во Битола, беа однесени во Бугарија на средби со бугарски политичари, а децата беа фотографирани со политичарите и објавувани во неколку бугарски и наши медиуми без дозвола од родителите.

„Секоја пригода кога политичар/ка ќе се сретне со дете и ќе биде јавно фотографиран/а може да се смета за кампања, и истата повлекува соодветна одговорност и бара јасен одговор кон што или кому таа средба и тоа фотографирање придонесува, колку таа постапка е во интерес на детето/децата или е за нечии други интереси?

Овде станува збор за политичар и бизнисмен од Бугарија кои се сликаат со деца од Македонија и за тоа ги информираат бугарските гласила/медиуми, што е еднакво на политички маркетинг. За жал, наместо децата да се третираат сериозно, тука се користат како инструмент за политички цели, со изговор за развивање добрососедски односи.

Констатацијата дека децата не биле политички злоупотребени, туку испратиле пораки за културна соработка меѓу двете држави во овој политички контекст сега и на начинот на кој е спроведена активноста, не може да биде ништо повеќе од злоупотреба на децата за политички цели“, велат за „А1он“ од Првата детска амбасада во светот.

Тие го повикаа Основното јавно обвинителство да постапува поради прекршување на правата на децата согласно Ковенцијата за правата на детето и член 12 став 4 од Законот за заштита на деца.

„Сметаме дека Основното јавно обвинителство (ОЈО) треба да реагира по допрен глас и да преземе соодветни мерки особено поради инволвирање на децата од Македонија во политички кампањи во друга земја и неколкукратно прекршување на правата на децата согласно Конвенцијата за правата на детето и Член 12 став 4 од Законот за заштита на деца: ,,Се забранува злоупотреба на децата поради политичко или верско организирање и дејствување“, додаваат од Меѓаши.

За време на посетата во СВР Битола, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, откри дека МВР го известила Јавното обвинителство за случајот и се чекаат одредени наредби за прибирање на документи.

– Секогаш кога ќе добиеме било каква информација, ние постапуваме. Во моментов се поднесе известување до Јавното обвинителство и очекуваме да видиме дали ќе даде одредени наредби за прибирање на соодветни документи. Морам да напоменам дека ниту еден родител на децата ниту Меѓаши нема поднесено кривична пријава – рече Спасовски.

Раководството на „Битолски монмартр“ не ги известило родителите на децата што ќе посетат и со кого ќе одат на средба, иако се должни да го направат тоа. Родителите не знаеле дека децата им се однесени кај високи политичари во Софија и го посетиле гробот на цар Борис Трети.

Претседателот на Управниот одбор на Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“, Славчо Неделковски за време на посетата на „Мал Монмартр во Софија“ на почетокот на јули му врачи награда на Милен Врабевски, бугарскиот бизнисмен и филантроп кој ги финансираше бугарските клубови „Ванчо Михајлов“ во Битола и „Цар Борис Трети“ во Охрид, а кои беа избришани од Централен регистар.

Врабевски доби награда за донацијата од 18.000 евра за „Битолски монмартр“ наречена „Мецена на годината за 2023“.

Би можело да ве интересира

Татко ги терал децата да питачат, а парите ги трошел во казино – доби пријава

Анита Петровска Рајковиќ

Радев и Вархеји очекуваат да поминат уставните измени веднаш по изборите на 8 мај

Орце Костов

Ваучери од 50 евра за наставничките, за родителите срамно е децата да им носат цвеќе

Орце Костов

Инспекторатот ќе забрани невакцинирани деца во градинките кога ќе добие одлука од министерот

Орце Костов

Група деца се затруле со чист алкохол во Белградски клуб: Последиците може да бидат страшни

А1он

Пријавен обид за грабнување деца од училиште во Карбинци

Анита Петровска Рајковиќ