ФОТО: Како изгледа македонскиот павлјон на Венециското биенале

Од:

Денеска во 15,30 часот вo Арсенале, еден од двата големи изложбени простори на 56. Венециското биенале, ќе биде отворена изложбата „Ние сите сме сами во ова“ на уметниците Христина Иваноска и Јане Чаловски, годинешните македонски претставници.

veneciskoBienale

Комесар на проектот е Маја Неделкоска-Брзанова, в.д. директор на Национална галерија на Македонија, куратор е Башак Шенова од Турција, заменик-куратор Маја Чанкуловска-Михајловска и заменик-комесар Оливија Стоилкова.

veneciskoBienale6

„Ние сите сме сами во ова“ на уметниците Христина Иваноска и Јане Чаловски кои соработуваат уште од 2000 година, е мултидициплинарен ликовен зафат кој ја тематизира претставата за вербата, како емотивна и интелектуална состојба, и своевидна современа социо-политичка аномалија.

veneciskoBienale1

Проектот е пред се истражувачки и создаван во повеќе етапи, и произлегува од силен интерес кон идејата за реактивирање, или пак реанимирање, на нови релации кои произлегуваат од реконтекстуализирање на сликарското дело на анонимниот автор од црквата од XII век „Свети Ѓорѓи“ од Курбиново (видена како предзнак за идејата на истражувачки центар) во дијалог со современите концепти за истражувачка, концептуална и концепт-базирана уметност.

veneciskoBienale3

Во овој проект Иваноска и Чаловски и нивните тематски определби – иконографијата и јазикот, архивираното и недокументираното, научното наспорти вернакуларното – изворното познавање на нештата, се во самата срж на проектот и го прават несекојдневно визуелно и интелектуално искуство за гледачот кое јасно комуницира со својот современо концептуализиран ликовен јазик.

veneciskoBienale2

Двајцата уметници во своите изложени дела се занимаваат со вербата (или немањето верба како современа аномалија?), која не се задржува на религиозното верување, туку на преиспитување на сопствените вредности и своите верувања. Се појавува прашањето како и во што можеме да веруваме денес и каква е улогата на уметноста во однос на вербата? Цртежите и објектите на Чаловски на пример, кои се базираат врз записи на американскиот уметник Пол Тек претендираат да ја претстават личната борба на уметникот низ три аспекти: продукцијата на сопствените дела, задржувањето на вербата во делата, и прилагодување на очекувањата за тоа како ќе бидат прифатени, третирани и разбрани од публиката.

veneciskoBienale5

56. издание на Венециското биенале годинава се одржува од 9 мај до 22 ноември. Темата на годинашното Венециско биенале е „Сите иднини на светот“, преку која уметничкиот директор Окви Енвезор симболично ќе ги обедини националните павиљони на 53 земји од целиот свет со што ќе се создаде релевантно средиште на актуелните глобални културни, политички и економски текови.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“