Филмски циклус посветен на современиот израелски филм

Од:

Во Кинотека на Македонија од денеска до 6 декември ќе се одржи филмскиот циклус посветен на современиот израелски филм.

Во рамки на циклусот ќе бидат прикажани шест филмови со превод на македонски јазик.

Филмската ревија денеска ќе биде отворена со филмот „Хармонија“ со две проекции од 19 и 21 часот. Филмот е во режија на Ори Сиван и тој ја задржува посебната суштина на библиската приказна и додава интимна и човечка перспектива.

Во недела ќе се прикажува документарниот филм „Посебна посета во Македонија“ во режија на Пјер Лави кој ја документира посетата на делегација на лица со посебни потреби од Ерусалим во Македонија во септември 2016. Истиот режисер ќе се претстави со уште еден документарен филм во недела, а тоа е филмот „Кармелин во Македонија“ кој ја документира концертната тура во Македонија на трупата „Кармелим“ од школата Лео Бак во Хаифа, во јули 2016 година.

Во понеделник публиката ќе има можност да го погледне филмот „Татко“ во режија на Мени Јаеш, додека филмот „Витлеем“ ќе биде прикажан во вторник. Филмскиот циклус ќе биде затворен во среда со документарниот филм „Најдобрите за мечување“ во режија на Лиат Мер.

Би можело да ве интересира

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата