На програмата на фестивалот на европски филм „Синедејс“ 2015 ќе се одржи ревија посветена на италијанскиот поет, режисер, сценарист, драматург и новинар Пјер Паоло Пазолини по повод 40-годишнината од неговата смрт.
Во Џебно кино во МКЦ утре од 22 часот ќе биде прикажан филмот на Пазолини „Белешки за африканската Орестија“, а в недела во кино Фросина со почеток во 17 часот ќе се проектира филмот „Пазолини“ на Абел Ферара. Потоа ќе има средба и разговор со Матео Марели од Центарот за студии – Архив Пјер Паоло Пазолини при Кинотеката во Болоња. Подоцна, од 22 часот во Џебно кино во МКЦ ќе биде прикажан филмот „Пророштво. Африка на Пазлини“ од Енрико Мендуни и Џани Борња.
В понеделник од 20 часот во Џебното кино ќе биде прикажан филмот „Мама Рома“ на Пазолини. Во вторник на истата локација од 22 часот ќе биде прикажан „Смртта“ од Бернардо Бертолучи.
В среда со почеток во 22 часот во Џебно кино – МКЦ, ќе биде прикажан „Љубов и гнев“ од Пазолини, а на истата локација и во истиот термин утредента ќе биде прикажан „Гневот на Пазолини“ од Пазолини и Џузепе Бертолучи.
Филмовите се доделени на фестивалот Синедејс од страна на италијанското Министерство за надворешни работи и меѓународна соработка, ќе бидат со превод на македонски јазик, а влезот на проекциите е бесплатен.