Државниот правобранител го повлече предлогот со кој бараше Основниот суд Скопје 2 да ги забрани идните кино проекции на филмот на Јани Бојаџи, „Ругање со Христос”, поради говор на омраза.
Од правобранителството денеска во судот не дојде претставник, па судијката само го прочита поднесокот. Државното правобранителство поднесокот за повлекување го испрати до судот по дополнителните анализи.
Адвокатот на Здружението „Арт Синема”, Влатко Китановски, рече дека се согласуваат со предлогот за повлекување.
Судијката Сузана Дончевска констатира дека предлогот на Министерството за култура, доставен преку државното правобранителство е повлечен. Тоа значи дека нема времена мерка и филмот ќе може да се прикажува низ киносалите во државата.
Васко Маглешов