Филмот „Ноќен живот“ прикажан на 15. „Синедејс“

Од:

Најновиот филм „Ноќен живот“ на словенечкиот режисер Дамјан Козоле, синоќа имаше скопска премиера во киното „Фросина“ во рамки на 15. Фестивал на европски филм „Синедејс“.

Во филмот како копродуцент се јавува продуцентската куќа „Сестри и брат Митевски“. Филмот беше дел од програмата „МК во ЕУ“ на Филмскиот фестивал „Синедејс“.

Режисерот Козоле на денешната прес-конференција истакна дека филмот е поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија, а соработувале со Лабина Митевска. Во филмот игра Петар Арсовски, а дел од монтажата е и Иво Трајков.

Тој додаде дека жирито на Националниот фестивал во Порторош го наградило Петар Арсов со награда за најдобра епизодна улога во голема конкуренција.

Петар Арсов, кој зад себе има голем опус, околу 70 играни филмови, истакна дека многу му се допаднал „Ноќен живот“, во кој глуми интелектуалец, доктор. Според него, се работи за филм кој предизвикува реакции, а решенијата и заклучоците ни ги остава нам.

– Филмот спаѓа во врвните остварувања на европскиот филм и е авторски филм на Дајман Козоле. Мене ми потсетува на најдобрите ракописи на скандинавскиот филм, рече Арсов и додаде дека ова е негов четврти филм што го работи во Словенија.

Премиерата на филмот „Ноќен живот“ во Љубљана е в четврток, а сите билети се распродадени.

Би можело да ве интересира

Премиера на краткометражниот игран филм „Имиња“ на „Синедејс“

Со премиерата на филмот „М“ отворен 22. CINEDAYS

Заврши 21 издание на „Синедејс“

Ана Ололовска

Вечерва проекцијата на филмот „Нема да си сама“

Филмот „Мими“ вечерва го отвора Меѓународниот фестивал на европски филм „Синедејс“

Горан Наумовски

Премиера на филмот „Синиот час“ на 13-ти јули во МКЦ парк кино

Ана Ололовска