Филмот „Хомо“ на Игор Иванов – Изи прикажан на отворањето на престижниот филмски фестивал во Варна

Од:

Во Конгресниот центар во Варна беше отворено 39. издание на Фестивалот на бугарски игран филм „Златна роза“. Како што јави дописникот на МИА од Софија, по официјалната церемонија по првпат пред бугарската публика беше прикажана копродукцијата меѓу Бугарија и Северна Македонија „Само луѓе“ (превод од „Хомо“ – оригиналниот наслов на македонски) на познатиот македонски режисер Игор Иванов – Изи.

Во рамките на фестивалот во Варна ќе се прослави 30 – годишнината од формирањето на Националниот филмски центар на Бугарија.

Пред неколку дена, филмот на Иванов беше претставен на тековниот филмски фестивал во Софија, во Националната палата на културата (НДК). Неговото претставување во киното Лумиер, го проследија многу гледачи, меѓу нив и познати претставници на културната елита и странски дипломати во Бугарија.

На крајот на Софискиот филмски фестивал, во Куќата на киното ќе биде прикажан филмот на познатиот македонски режисер кој работи на релација меѓу Балканот, Европа и САД Милчо Манчевски – „Пред дождот“, кој се закити со „Златен лав“ во Венеција во 1994 година, а беше номиниран за Оскар во 1995 година за најдобар филм на странски јазици.

Би можело да ве интересира

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата

Скорсезе снима нов филм за Исус кој нема да трае три часа: Се обидувам да ја доближам религијата до луѓето