Филмот „Ема“ снимен од тинејџери во кино „Синеплекс“

Од:

Во киното „Синеплекс“ утревечер од 19 часот премиерно ќе биде прикажан долгометражниот филм „Ема“, снимен во целост од група македонски тинејџери кои се и главни актери во ова остварување.

Насловниот лик, Ема, го игра Ангела Спировска. Ема е 17-годишна девојка која има желби, очекувања и дилеми како и сите врсници, а нејзините другари и познајници ја заокружуваат нејзина приказна.

Покрај Спировска, улоги во филмот имаат и средношколците Антонио Кухар, Мартин Чичовски, Вања Тројачанец, Оливера Каменаровска, Лина Бојаџиева, Аника Чорбевска.

-Ема сме сите ние и сакаме да се слушне нашиот глас, бидејќи сите ние водиме внатрешни битки. Сакавме да ги покажеме сите стравови и дилеми на младите во денешното општество со сите негови пороци, а кој најдобро може да го направи тоа, ако не ние самите, велат овие тинејџери – автори и главни протагонисти во филмот.

„Ема” ќе има проекции во „Синеплекс“ до 10 ноември, а заинтересираните може да направат резервации и на инстаграм-профилот @marvieproductions.

Би можело да ве интересира

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата