Филмот „Деца на сонцето“ со светска премиера во Лондон

Од:

Македонскиот филм „Деца на сонцето“ во режија на Антонио Митрикески ќе доживее светска премиера на престојниот 22. по ред Лондонски меѓународен филмски фестивал „Реинденс“.

Филмот доби покана да биде прикажан во рамките на официјалната програма и со тоа го стекнува правото да се бори за главната награда на фестивалот. Фестивалот се одржува еднаш годишно од 24. септември до 5. октомври, а македонскиот филм ќе биде прикажан на 25. септември.

PLAKAT - DECA NA SONCETO

Во филмот играат: Ивана Павлаковиќ, Кире Ѓоревски, Мето Јовановски, Владо Јовановски, Милица Стојанова, Билјана Таневски, Данчо Чеврески, Александар Микиќ, Камка Тоциновски, Мартин Мирчевски, Емир Хаџихафизбеговиќ… Филмот е работен според сценарио на Гордан Михиќ, а го монтираше култниот Андрија Зафрановиќ. Продуцент на филмот е Дејан Милошевски.

„Ова е филм правен со многу љубов и позитивна енергија, која екипата безрезервно ја даваше. И мислам дека тоа се чувствува во секоја сцена од филмот Со филмот настојувавме да допреме до вистината и до внатрешните немири на ликовите. Веруваме дека филмот ќе допре до публиката и критиката. Тој носи верба и надеж“, вели Митрикески.

 

Би можело да ве интересира

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата

Скорсезе снима нов филм за Исус кој нема да трае три часа: Се обидувам да ја доближам религијата до луѓето