Филм за Андреа Бочели во Cineplexx на 8-ми март

Од:

Познатиот светски тенот Андреа Бочели за прв пат се појавува на големото платно со снимка од концертот „Љубов во Портофино“, која оваа година ќе се прикаже низ светските кина, а на 8-ми март во 20:30 часот и во киното Cineplexx во Скопје.

Публиката ќе има можност да ја доживее интимната и романтична атмосфера, која омилениот светски тенор ја направи за публиката на еден од најубавите плоштади на светот, Пјацета во Портофино.

На овој концерт, снимен во август 2012 година во продукција на наградуваниот продуцент Дејвид Фостер, Андреа Бочели ги отпеа убавите љубовни песни придружен од оркестар од 40 членови. Гости на оваа вечер беа германската ѕвезда Хелен Фишер, бразилската пејачка и текстописец Сенди, неговата вереничка Вероника Берти, како и виолинистката Керолајн Кембер и трубачот Крис Боти.

Филмот вклучува и ексклузивно интервју со Бочели, во кое гледачите можат да го слушнат неговото размислување за љубовта и романсата.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски