Едмонд Адеми: Делата на Стерјо Спасе значаен мост на соработка помеѓу Македонија и Албанија

Од:

Министерот во Владата на Република Македонија задолжен за дијаспората, Едмонд Адеми, денеска во Корча (Р. Албанија), присуствуваше на Научен симпозиум посветен на „Животот и литературното дело на Стерјо Спасе“, во оргазнизација на Универзитетот „Фан С. Ноли“ и Македонското друштво „Сонце“.

Свеченото отварање на научниот симпозиум беше направено од Ректорот на Универзитетот „Фан С. Ноли“, проф. Д-р Али Јшари, додека свое поздравно излагање имаа Министерот Едмонд Адеми, Претседателот на Република Албанија, Илири Мета, и Претседателот на македонското друштво „Сонце“, Васил Стерјовски.

На научниот симпозиум, пристуен беше и вршителот на работите во Амбасадат на Република Македонија во Тирана, Амбасадорот Данчо Марковски.

Министерот Едмонд Адеми, во својот поздравен говор ја истакна важноста на литературните дела на писателот Стерјо Спасе и се осврна на неговиот значаен придонес за подобра интеграција на македонското малцинство во албанското општество .

Министерот Адеми меѓу другото нагласи дека творештвото на Стерјо Спасе претставува и важен мост помеѓу Македонците и Албанците, и токму градењето на мостови на соработка, разбирање, развивање и интегрирање во Европската Унија се заеднички определби на двете држави, што уште во своето време ги поставил токму Стерјо Спасе.

Претседателот на Република Албанија , Илир Мета, ја истакна придобивката и значајноста на литературното творештво на Стерјо Спасе во Албанија, и ја потврди важноста на делата и животот на писателот во однос на пријателските односи помеѓу Република Албанија и Република Македонија.

Претседателот на македонското друштво Сонце, Васил Стерјовски, информираше за важноста и за огромниот придонес на овој значаен писател за македонското малцинство во Албанија , и ги поздрави напорите на двете влади за зачувување и зајакнување на добрите односи што токму Стерјо Спасе ги постави уште многу одамна.

На научниот симпозиум се одржа и работна сесија во која се истакнуваше важноста на литературното творештво на Стерјо Спасе, а на која учествува академци и професори од Република Македонија и Република Албанија, меѓу кој и самиот син на писателот Спасе, Проф. Д-р Илинден Спасе кој во име на покојниот писател Стерјо Спасе ја прими титулата „Витез на Редот на знамето“ од претседателот на Република Албанија, Илир Мета.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек