Ѕвездата на „Синедејс“ задржан на скопскиот аеродром

Од:

Актерот Жесутасан Антонитасан кој беше најавен како еден од главните гости на годинешното издание на филмскиот фестивал „Синедејс“ во организација на Младинскиот културен центар (МКЦ), не успеал да ја помине аеродромската контрола и да влезе во Македонија.

Според директорот на МКЦ, Златко Стевковски, пропустот се случил заради тоа што на Жесутасан му била потребна виза за влез во Македонија.

– Иако тој живее речиси 25 години во Париз, ние не знаевме дека тој не поседува француски документи и дека нема француски пасош. Првично кога разговаравме со неговата агентка, таа ни рече дека не му е потребна виза и остана на тоа. Тој вчера слета во 23.30 часот на скопскиот аеродром и беше префрлен во визното одделение, ние како организатори веднаш отидовме и само успеавме преку стакло да се видиме со него. Ги замоливме од МВР да не го враќаат со првиот лет назад, да ни дадат простор да ги извадиме потребните документи, но не успеавме во нашата намера, рече Стевковски.

Филмот „Дипан“ говори токму за мигрантската криза, тројца луѓе – ма, жена и девојче се преправаат дека се семејство, за да избегаат од војната во Шри Ланка и да живеат во Франција.

Овој филм кој е годинашен добитник на “Златна палма“ на Канскиот филмски фестивал, бил инспириран токму од животот на актерот Жесутасан Антонитасан.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Премиера на краткометражниот игран филм „Имиња“ на „Синедејс“

Со премиерата на филмот „М“ отворен 22. CINEDAYS

Заврши 21 издание на „Синедејс“

Ана Ололовска

Вечерва проекцијата на филмот „Нема да си сама“

Филмот „Мими“ вечерва го отвора Меѓународниот фестивал на европски филм „Синедејс“

Горан Наумовски

Премиера на филмот „Синиот час“ на 13-ти јули во МКЦ парк кино

Ана Ололовска