Две претстави и една промоција вечер на МОТ 2013

Од:

Претставата Ноќна пеперутка на Народниот театар Иван Вазов од Софија во режија на Јавор Гардев, ќе биде изведена вечер во 20 часот во Младинскиот културен центар (МКЦ), во рамките на МОТ 2013.

Гардев е еден од најзначајните режисери во Југоисточна Европа во последната деценија и како учесник на МОТ 2003 и 2009 со претставите Мара/Сад и Калигула остава силен печат на фестивалот.

Оваа година настапува со претставата Ноќна пеперутка добитник на наградите за најдобра претстава и најдобра режија на фестивалот АСКЕЕР 2012, за која самиот вели дека е “претстава која има многу силна емотивна жичка и исклучително јака сензуална и позитивна страна.”

Станува збор за камерна претстава, која се базира на прецизност во актерската игра и јасност во начинот на раскажувањето на приказната. Совршеноста на играта е присутна кај секој од актерите, а особено е видлива кај Весела Бабинова, која го игра централниот лик, за што е добитник на наградата за најдобра главна женска улога на истоимениот фестивал.

Во 22:30 часот, на истото место ќе се изведе претставата Прст во режија на Ана Томовиќ, а според текст на Дорунтина Баша, млад драмски автор од Приштина. Фокусот на претставата е на болниот однос помеѓу мајката и сопругата на човекот исчезнат во воените судири во 1999 година.

Десет години подоцна, во надеж дека нивниот маж, односно син, може сепак да се врати, двете жени живеат заробени во меѓусебните обвинувања, ривалството и борбата за моќ, делејќи ја притоа неизмерната болка за изгубениот човек и обидувајќи се да се соочат со вистината.

Драмскиот текст Прст е победничкиот текст на регионалниот конкурс на фондот Хартефакт за најдобар современ општествено ангажиран драмски текст за 2011 година, во чија продукција е самата претстава.

Во терминот во 22 часот, пак, во МКЦ во рамките Младиот отворен театар ќе се одржи и презентација на книгата седум драми од БиХ чиј приредувач и преведувач е театарската критичарка и публицистка Лилјана Мазова. Книгата ќе ја претстават Мазова и театарскиот режисер и директор на Меѓународниот фестивал МЕСС Дино Мустафиќ.

Станува збор за драми кои раскажуваат за човекот и исклучиво човекот во услови кога насетува, кога се плаши за својот и за животот на најблиските, кога живее со лузните од најголемиот непријател – војната. Онаа меѓу свои и со свои, и кога на неа гледа низ нејзините срамотии. Пишувани се 10 -15 години по војната во БиХ, 1992-1995.

Би можело да ве интересира

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска

По повеќе од 30 години прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија

Ана Ололовска