Два концерта и уметнички проект вечер на „Културно лето“ во Крушево

Од:

Во рамки на манифесатцијата „Културно лето“, на плоштадот во Крушево во 20 часот ќе настапат членовите на КУД „Преспа“ од Мала Преспа, Албанија, кои ќе исполнат песни и ора од преспанскиот крај.

Како што соопшти Министерството за култура, во рамки на програмата, предвиден е и концерт на јапонскиот состав „Пирамидос“, кој ќе изведе познати музички нумери од балканските земји.

Порано, во 18 часот ќе биде реализиран уметничкиот проект „Реинконто“. Настанот започнува во 18 часот во црквата „Св. Никола“ со венчавката на грчката уметница Фотели со Македонецот Божиновски.

Пред споменикот на Илинден на Гумење, утре концерт ќе одржи етно-составот „Љубојна“, а потоа со свечено спуштање на знамето на Крушевската Република и официјално ќе биде означен крајот на научно-културната манифестација „Десет дена Крушевска Република“.

Би можело да ве интересира

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Шопен под отворено небо со Дино Имери

Уапсен 73-годишен маж од Крушево – дома му нашле дрога, оружје и пари

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар