Драган Спасов Дац: Актерите што ја откажаа претставата ќе бидат казнети

Од:

В.д. директорот на Македонскиот народен театар, Драган Спасов Дац, рече дека сите актери што вчера ја откажаа претставата „Ничија земја“ во знак на поддршка на притворениот актер Владо Јовановски, ќе бидат казнети.

„Пријатели и љубетели на театарот, денеска се случи нешто што не смееше да се случи. Се откажа претстава во МНТ. Покрај мојата сугетија и наредба да се игра претстава, глумците своеволно одбија да ја играат претставата ‘Ничија земја’, како подршка за приведените глумци кои беа инволвирани во случувањата од 27 април во Собранието. Сите до еден ќе бидат казнети за непослушноста и по разговорот со мене свесни се за проблемот кој го направија“, напиша Дац на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Парите од роденденските претстави на МНТ ќе одат за лекување на Леонид

Во МНТ почнаа пробите за најновата претставата „Хенгинг Араунд“

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ