Друштвото на писателите на Македонија се вклучи во акцијата „Подари книга“ што ја иницираше Министерството за труд и социјална политика, наменета за социјално загрозените лица и семејства.
– ДПМ преку своите членови веќе обезбеди колекција книги од областа на белетристиката: дела од светски автори, лектирни изданија, прозни и поетски книги, како и дела за најмладите читатели. Друштвото на писателите на Македонија во своите простории отвори полица со наслов „Подари книга“ која постојано ќе биде надополнувана со книги кои од своите библиотеки ќе ги донираат членовите на оваа асоцијација, соопшти ДПМ.