ДПМ: Давачките за хонорари ќе бидат контрaпродуктивни

Од:

Друштвото на писателите на Македонија е против Законот за дополнителен данок за хонорарна работа. Писателите бараат анализа и отфворен дијалог при утврдувањето на законот.

„Друштвото на писателите на Македонија има став дека примената на законот за дополнителни давачки за авторска хонорарна работа ќе има контрапродуктивен ефект во областа на уметничкото создавање. Тргнувајќи од овој факт ДПМ се солидаризира и ги поддржува сите уметнички здруженија и асоцијации во заедничкото дејствување за одбраната на достоинството на уметноста и уметникот. Во оваа смисла Друштвото на писателите на Македонија укажува на досегашната симболична состојба на хонорарите но и на нерамномерното и без јасни критериуми делење на средствата со што системски се создаваше погрешна слика на вредностите во уметноста.

Друштвото на писателите смета дека дополнителните давачки за авторската работа негативно ќе влијаат на творештвото, а тоа е најмалку потребно сега, кога Република Македонија прави напори да се приклучи кон Европската Унија чии усталени стандарди се насочени кон стимулирање на креативните сили без кои сегашноста и иднината на светот се незамисливи. Оттука, примената на законот, за македонската култура ќе има сериозни и долгорочни последици кои ќе доведат до нејзино неповратно оддалечување од европските процеси.

Со оваа реакција Друштвото на писателите на Македонија прави обид да ги заштити своите членови но и дигнитетот на културата чиј пробив во светот преку манифестации, настапи и дела, претставува гордост и афирмација на Република Македонија.“

Би можело да ве интересира

Учество на македонски писатели на фестивалот „Словенска слова” во Црна Гора

Агенцијата за филм без критериуми исплаќала хонорари од 15.000 до 60.000 денари за рецензенти, утврдија ревизорите

Орце Костов

„Во име на новото“ во ДПМ

Ана Ололовска

ДПМ на вонреден пленум ќе побара одговорност доколку не се отстранат пропустите во Министерството за култура

Ана Ололовска

ДПМ: Македонскиот јазик има дијалекти, но не е никаков и ничиј дијалект

Конкурс за традиционални годишни награди на ДПМ

Ана Ололовска