Библиотеката „Феткин” во Кавадарци денеска доби донација во книги од претставниците на заедницата на Црногорците во Македонија, Мирољуб Орландиќ и Сретен Крстиќевиќ.
– Се работи за книги во три тома за историјата на црногорската книжевност, граматика и правопис на црногорскиот јазик, како и 2 дела од познатиот црногорски поет Сретен Перовиќ, член на академиите на уметност во Црна Гора и Македонија, објасни директорката на библиотеката Трајанка Атанасова.
Таа нагласи дека соработката со претставниците на заедницата на Црногорците во Македонија ќе продолжи и во иднина.