Доделени годишните награди на ДЛУМ и КИЦ

Од:

Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ) и Културно-информативниот центар-Скопје ги доделија годишните награди на изложбата „Мал формат“, на која се претставени дела на повеќе од 50 автори-членови на ДЛУМ.

Трите награди ДЛУМ им ги додели на уметниците: Никола Смилков – за вајарство, Мирослава Цветковиќ – за графика и на Христина Зафировска – за сликарство.

Културно-информативниот центар, каде што е отворена изложбата „Мал формат“, своите три награди им ги додели на авторите: Љупчо Бојаров – награда „Вангел Коџоман”, на Мирјана Крстева-Масетти – награда „Константин Мазев-Коце” и на Агрон Абдули – награда „Адем Кастрати”.

– Малиот формат како творечки предизвик е честа дневна практика на ликовните уметници. Магијата на „малиот квадрат“ во површина 25 на 25 сантиметри претставува искушение и за најголемите мајстори на визуелната уметност. Чувството на внатрешниот порив да го совлада малиот квадрат, на концизен, лапидарен, понекогаш метафоричен и езоповски начин да го транспонираат собитието и мотивот од големите форми во помалата мерка, информираше  ДЛУМ по повод отворањето на изложбата.

Би можело да ве интересира

ДЛУМ ги одложува сите активности предвидени за овој период од годината

Скопски урбани приказни – во 5 и 17

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска