ДЛУМ ќе донира уметнички дела за настраданите од поплавите

Од:

Друштвото на ликовни уметници на Македонија спроведуваат своја хуманитарна акција за собирање на донации за настраданите во поплавите во Србија и Босна и Херцеговина. Друштвото до своите членови упати апел да ги донираат своите дела, во него се вели:

„По повод природните неприлики кои се случуваат во земјите од соседството, Ве информираме дека Друштвото на ликовни уметници на Македонија, организира акција за донирање на уметнички дела.

Уметниците кои се заинтересирани да се вклучат во хуманитарната акција можат да донираат дела (без финансиски надомест) Делата треба да бидат испратени на маилот на ДЛУМ [email protected] најдоцна до (среда) 21 мај. Пропратно со делата да бидат наведени податоците за авторот и легенда за делото“, се вели во соопштението на ДЛУМ.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Големи поплави зафатија делови од Мека и Медина во Саудиска Арабија

(ВИДЕО) Силно невреме во Грција: На неколку места е прогласена вонредна состојба

Горан Наумовски

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата