Деветтата по ред изложба „Карневалски слики 2017“

Од:

Деветтата по ред изложба „Карневалски слики 2017“ ќе се реализира како една од првите карневалски активности во четврток, 15 февруари 2018 година во просториите на НУЦК „Антон Панов“ во Струмица, со почеток во 19:30 часот.

По отворениот годинешен конкурс за карневалска фотографија „Карневалски слики 2017“ на кој можеа да учествуваат сите кои имаа да споделат со нас фотографија од последната (минатогодишна) едиција на карневалските денови во Струмица, се пријавија дваесетина фотографи кои се занимаваат професионално или аматерски со фотографија.

Здружението Евро – Визија е формирано да промовира културни, традиционални, естетски и мултиетнички вредности.

Ова е девета година по ред да се организира конкурсот за „карневалски слики“ со кој дополнително се промовира и афирмира идејата на струмичкиот карневал. Отворањето на изложбата и прогласувањето на наградените е дел од програмските активности на манифестацијата Струмички карневал 2018 година.

Добитниците на наградите ќе бидат прогласени на отворањето на изложбата.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“