Денови на современ европски филм во Кинотека

Од:

Во Кинотека на Македонија идниот понеделник, 20 април, почнува циклусот Денови на современ европски филм.

Прикажани ќе бидат „Ида“, добитник на најрелевантните светски награди за 2014 година, вклучувајќи го и Оскарот за странски филм, шведскиот „Стогодишникот што скокна од прозорецот и исчезна“ на Феликс Хернгрен, „Зоран, мојот внук идиот“ на Матео Олеото и „Ѕид“ на Јулијан Пелслер.

На 28 април, во рамки на Францускиот киноклуб, предвидена е проекција на „Главната централа“ во режија на Ребека Злотовски.

Кинотеката, традиционално, на денот на основањето, 29 април, ќе ја додели наградата „Златен објектив“. Вечерта, но и следната вечер љубителите на филмот ќе имаат можност да го видат српскиот „Мали свет“ на Милош Радовиќ со што завршува програмата за овој месец.

Би можело да ве интересира

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата