Денес започнува “Piano Summer Ohrid”

Од:

Во Охрид од денеска до среда за првпат ќе се одржи фестивалот „Piano Summer Ohrid“ во организација на здружението „Клавирско лето“.

Во рамки на фестивалот ќе се одржи и меѓународна летна академија за пијано под водство на германскиот пијанист и професор Клаус Шилде, кој е претседател на музичката академија во Минхен и има долгогодишно искуство на музичките академии во Берлин, Детмолд, Токио и Вајмар.

На академијата се очекува присуство на истакнати пијанисти како што се Димитриј Романов од Русија, Хјун Сон Текин од Јужна Кореја, Масако Сакаи и Мику Нишимото од Јапонија, Зоран Имшировиќ од Босна и други.

Покрај едуактивните часови во музичкото училиште „Методи Патче“, секој ден ќе бидат организирани и вечерни концерти на кои ќе настапат учесниците на академијата. За отворањето и затворањето на фестивалот ќе се одржат гала концерти во црквата „Света Софија“.

За време на фестивалот планирани се и предавања на Тимеа Шари од Унгарија и Марија Динов од Србија, а посебна атракција ќе биде пијано маратонот што ќе се одржи на 24 август.

Фестивалот се одржува со поддршка од градот Охрид, Охридско лето и концертниот сервис „Акритериум“.

Би можело да ве интересира

Почнува летото

Горан Наумовски

Заштитете ги нозете од проширени вени во текот на летото

Горан Наумовски

Продолжува пеколниот бран, портокалова фаза и денеска

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: На плус 40 копаат, мешаат малтер и товараат песок, никој не се грижи за работниците

Габриела Димковиќ-Мишевска

Од вторник зголемување на температурите

Утре почнува летото

Ана Ололовска