ВИДЕО: На плус 40 копаат, мешаат малтер и товараат песок, никој не се грижи за работниците

Од:

Качени на скеле на плус 40 степени, градежни работници коваат греди, малтерисуваат, товараат песок, возат кранови и багери. Среде пладне, изложени на јакото сонце, можеше да се видат луѓе на повеќе скопски градилишта како работат со градежната машинерија на жешкиот асфалт и покрај предупредувањата дека државата е зафатена од портокаловата фаза. Работниците извршуваа најразлични задачи, менуваа пукнати цевки, асфалтираа улици и ѕидаа згради. Оние што ги затековме на терен изјавија за „А1он“ дека нема застој дури ни во најтоплиот дел од денот, од 12 до 17 часот.

„Треба да нè заштитат по жешково, но кој нè прашува нас. Ако им текне да ни донесат по некоја чаша вода добро, ако не тоа ни е“, вели еден од работниците кој среде пладне заваруваше пукната цевка.

„Мора да се заврши работата, дали е жешко или не, никој не се интересира. Можеме да се жалиме колку сакаме, но тоа не ни помага. Ќе кажат има рок до кога треба да се асфалтира улицата и мора, да работиш“, вели друг кој работеше на градежни работи на една од скопските улици.

Оваа состојба од теренот покажува колку работодавците се грижат за работата и профитот на фирмата, а не за здравјето на работниците. За нив очигледно не важат законите, ниту препораките за заштита од пеколните температури, штом дозволуваат да се работи во неподносливи и услови опасни за работа.

Инаку, Сојузот на синдикатите на Македонија преку соопштение вчера ги повика работодавачите, во услови кога се најавени температурите да ги почитуваат мерките и да не ги изложуваат работниците на работа на отворено како превенција од топлотни бранови. За тоа дали и колку се почитуваат препораките, надлежна е трудовата инспекција која треба да излезе на терен и да изрече санкции против оние кои не се придржуваат до мерките.

Би можело да ве интересира

Четири работнички од Непал му избегале на газдата во Прилеп, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

Зголемен бројот на работниците во индустријата

Ваучери за брак, слободен ден за роденден: Дефицитот од работници ги принуди фирмите да ги зголемат бонусите

Орце Костов

Работниците со ниски приходи ќе добијат 3.555 ваучери за туризам од 300 евра

Орце Костов

Нема смртност кај свињите кои се одгледуваат на фармата во која еден работник почина, а друг е во тешка состојба по труење со хемиска материја

Орце Костов

Кавадаречките политичари ги поддржаа работниците: Нема да се дозволи да се изгасне печката во Фени

А1он