Деца на сонцето во Лондон

Од:

По македонската премиера на долгометражниот игран филм „Деца на Сонцето“ во режија на Антонио Митрикески, во рамките на филмскиот фестивал „Браќа Манаки“ филмот патува за Лондон.

На 25-ти септември, ќе ја доживее својата светска премиера со гала прикажување на големиот 22 по ред Интернационален филмски фестивал „Реинденс“. Филмот ќе се натпреварува во официјалната конкуренција на фестивалот.

Исто така вечерта на 26-ти ќе има забава, која фестивалот ја организира специјално за филмот на која ќе присуствуваа и амбасадорот на Република Македонија во Велика Британија, Јордан Донев.

Фестивалот се одржува секоја година од 24-ти септември до 5-ти октомври. Македонскиот филм ќе биде прикажан во 18.20 часот на 25 септември, а ќе има и втора проекција веќе следниот ден во 16 часот.

Фестивалот се одржува во срцето на Лондон на Пикадили.

„Реинденс“ во текот на 22 години се претвори во вистински бренд како еден од најголемите и најзначајни фестивали на независен филм, своевиден пандан на американскиот „Санденс“, со кого е во тесна соработка.

Но, она што е интересно кога станува збор за овој фестивал, е што тој не само што е значаен за Европа, како што е „Санденс“ за Америка, туку фестивали „Реинденс“ има во уште десет градови на овие два континента, и тоа: Монтреал, Торонто, Ванкувер, Њујорк, Лос Анџелес, Детроит, Берлин, Брисел, Париз и Будимпешта.

А целта на фестивалот, за кој „Варајети“ вели дека не смее да се пропушти, е негувањето, поддршката и промоцијата на независниот филм и на новите и алтернативни филмски автори.

Би можело да ве интересира

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата

Скорсезе снима нов филм за Исус кој нема да трае три часа: Се обидувам да ја доближам религијата до луѓето