Виничкиот црковен хор „Св.Јован Кукузел“ после низата настапи во Ријека, Загреб, Пула, синоќа оддржа концерт и за својата домашна публика.
Под диригентстската палка на Игор Насев, членовите на хорот ја воодушевија публиката со изборот на репертоарот од духовна музика, како и со повеќе композиции од македонски автори: Тодор Скаловски, Атанас Бадев, Драган Шуплевски, како и од рускиот композитор Архангелски.
Специјален гостин на вечерта беше младата и надежна солистка, ученик во средното музичко училиште во Штип, Марија Ѓорѓиевска, која настапи со Аве Марија од Јохан Себастијан Бах. Црковниот хор „Св.Јован Кукузел“ е основан во 2000 година.