Благоја Куновски во жири комисија на филмскиoт фестивал Мостра

Од:

Македонскиот филмски критичар Благоја Куновски е еден од членовите на жири комисијата на фестивалот Мостра што се одржува во Венеција од 27 август до 7 септември.

Куновски, како претставник на Македонија, по четврти пат членува во жирито на Федерацијата на филмската критика – ФИПРЕСЦИ.

Покрај него, во шестчленото жири се и ветеранот на британската филмска критика и критичар на лондонските весници „Гардиан“ и „Ивнинг Стандард“, Дерек Малколм, потоа Ева Пејдро од Шпанија, Јон Асп од Шведска, како и италијанските критичари Кјара Тоњолоти и Серџио ди Џорџо.

Жирито ќе ја додели наградата за најдобар филм од главната компетиција-Венеција 71, како и за најдобри филмови од паралелните програми, Хоризонти и за најдобар дебитански филм од Неделата на критиката.

Фестивалот беше отворен со првиот од 20-те селектирани филмови од најновата светска филмска продукција „Птичарот“ на латиноамериканскиот режисер Алехандро Гонзалес Инариту, кој е во трка за „Златниот лав на Венеција“.

Би можело да ве интересира

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата

Скорсезе снима нов филм за Исус кој нема да трае три часа: Се обидувам да ја доближам религијата до луѓето