Бесплатен влез за студенти на роденденскиот маратон на МНТ

Од:

Македонскиот народен театар ги поканува студентите утре бесплатно да го посетат маратонот по повод 72-риот роденден на театарот, под мотото „Создаваме на светов убавина“.

– Со огромно задоволство ја информираме и повикуваме студентската публика, која сите овие години е дел од МНТ, овој ден да го прославиме заедно. Студентите ќе имаат можност бесплатно да ги гледаат нашите хит-претстави „Животот е прекрасен“ со почеток во 15 часот и „Сомнително лице“ со почеток во 21 часот. Билетите може да се подигнуваат од денес, 31 март, на билетарницата во МНТ со приложување индекс или студентска легитимација, информира МНТ.

Покрај овие две претстави, на роденденскиот маратон на МНТ од 13 часот ќе биде изведена и претставата „Силјан Штркот шанца“.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Секоја блокада е насилство, државата ќе го избере моментот да одговори

Премиера на претставата за деца „Жива досада“ во МНТ

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Овации и долгостоечки аплауз за актерската елита од Македонија во Народно позориште, Сараево

МНТ со претставата „12“ гостува во Сараево

А1он

Деканите од СИТИ Колеџ: Кај нас студентите прераснуваат во висококвалификувани професионалци

A1on