Арбен Тачи доби награда за најдобар дебитантски режисер на Фестивал во Монтреал

Од:

Режисерот Арбен Тачи ја доби наградата за најдобар дебитантски режисер за филмот „Исчезнатиот” на Фестивалот на независен филм што се одржува во Монтреал, Канада.

Ова е втора меѓународна награда за овој филм, по наградата за најдобра фотографија која му беше доделена на директорот на фотографија Владимир Самоиловски на Филмскиот фестивал во Анадолија. Инаку, филмот „Исчезнатиот“ досега учестувувал на шест меѓународни фестивали.

Филмот беше поддржан од Агенцијата за филм на Северна Македонија. Во филмот играат актерите Сотираќ Братко, Ева Аликај, Кејди Адеми, Сокол Моналари, Африм Мучај, Шеќерије Бучај, Блерим Исмани, Арсим Фазлија, Енис Мурати, Рефет Абази, Неритан Личај, Адем Карага, Селман Јусуфи. Директор на фотографија е Владимир Самоиловски, монтажата на Благоја Неделковски и Шпетим Амети. Музиката е на Тримор Доми, дизајнот на звук е на Дарко Спасовски, сценографијата на Билгаип Кочишта, а костимите беа изработени од Албулена Боровци.

Би можело да ве интересира

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата

Скорсезе снима нов филм за Исус кој нема да трае три часа: Се обидувам да ја доближам религијата до луѓето