Американски издавач издаде македонска амбиетална музика

Од:

Музичката компилација „Across the mountains: А Macedonian ambient music compilation“, на која се поместени дела на седум автори на амбиентална музика од Македонија, e издадена за американскиот музички издавач „Silber Records“ во соработка со Македонската етикета „post global recordings“, конципирана и курирана од Тони Димитров.

Компилацијата е резултат на долгогодишна комуникација помеѓу овие две издавачки етикети на повеќе нивоа, на релација САД – Македонија, како обид да се продлабочи и изгради една конкретна музичка сцена. Иницијативата е поттикната, конципирана и курирана од страна на Тони Димитров, чија што креација се и дизајнот и фотографиите на обвивката на изданието, а музиката е мастерирана од страна на сопственикот на „Silber Records Brian John Mitchell“.

acrossThem

Оваа компилација е издадена како 155-то издание на „Silber“ и прво издание на „post global“ од едицијата ‘local’ (чија цел е да ги претстави локалните Македонски артисти кој продуцираат амбиентален и експериментален звук до пошироката интернационална публика), а на неа се поместени автори и проекти кои веќе некое време се присутни на локалната и интернационалната амбиентална сцена како Шерифидан Курт, Димитар Додовски и проектите „Аmplidyne Еffect“, „Fydhws, Airless Project“, „Post Global Trio“ и „Sound_00“.

Изданието официјално се појавува денеска, а ќе може да се набави преку веб страната на „Silber Media“ (www.silbermedia.com/comps/acrossthemountains), нивниот Bandcamp профил или преку официјалните продавници за музика како Spotify.

 

А.Б.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(Видео) Музика и хор од 20.000 евра на свеченото отворање на првите 40 километри автопат во Црна Гора

A1on

Жан Мишел Жар: Мориконе беше непресушен извор на инспирација

Ана Ололовска

„Љубојна“ со акустичен концерт за душа вечер во МОБ

Ново ЦД на македонскиот пијанист Симон Трпчески насловено „Сказни од Русија“

Татјана Ташкова

„No Borders Orchestra“ вечер ќе настапи во Марибор