Ален Хасановиќ победи на охридскиот фестивал „Канео Фест 2014“

Од:

Младиот пејач Ален Хасановиќ освои 4 награди на годинешниот „Канео Фест“ во Охрид.

Toj со песната која го носи насловот „Кога сфатив“ го освои првото место на фестивалот „Канео Фест“ кој се одржа викендов и се закити со четири награди.

Тој ги освои првите места од жирито и публиката, но и за најдобар интерпретатор и аранжман. Комплетен автор на музиката, текстот и аранжманот на песната „Кога сфатив“ е самиот пејач. Во улога на водителска двојка на годинешниот фестивал се појави атрактивната водителка Лила Филиповска во придружба на Дамјан Дренковски.

Организатор на овој традиционален музички фестивал е „ТВ Морис“ од Охрид.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(Видео) Музика и хор од 20.000 евра на свеченото отворање на првите 40 километри автопат во Црна Гора

A1on

Жан Мишел Жар: Мориконе беше непресушен извор на инспирација

Ана Ололовска

„Љубојна“ со акустичен концерт за душа вечер во МОБ

Ново ЦД на македонскиот пијанист Симон Трпчески насловено „Сказни од Русија“

Татјана Ташкова

„No Borders Orchestra“ вечер ќе настапи во Марибор