Разговор Блинкен-Алиев

Од:

Државниот секретар Ентони Блинкен денеска разговараше со претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, при што беше истакната континуираната важност на американско-азербејџанското партнерство и заложбите на САД за промовирање мирна, демократска и просперитетна иднина за регионот на Јужен Кавказ.

-Забележувајќи за неодамнешната ескалација меѓу силите на Ерменија и Азербејџан, секретарот повика на воздржаност и интензивирање на дипломатските напори да се најде продлабочено решение за сите нерешени прашања, соопштија од Стејт департментот.

Државниот секретар исто така се заложи за почитување на човековите права и основните слободи во Азербејџан, се вели во соопштението.

Блинкен ја истакнал и заложбата на САД и партнерите за континуираниот повик до Москва, вклучувајќи и до режимот на Лукашенко во Белорусија, за нивна одговорност за неиспровоцираната и неправедна војна против Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски