Крсто Мукоски и Никола Митревски-Кољо поднесоа барање за амнестија

Од:

Крсто Мукоски, пратеникот кој два пати ги отвораше вратите во Собранието и овозможи толпата народ да влезе во Законодавниот дом на 27 април минатата година, поднел барање за амнестија.

Дали неговото барање ќе биде опфатено со амнестија ќе одлучува судот, по прибавено мислење од обвинителството.

Барање поднел и Никола Митревски. Дали на Кољо ќе му биде одобрено барањето и ќе се спаси за „крвавиот“ четврток е неизвесно бидејќи тој во Собранието влезе со фантомка, но според Законот требал да изврши и физичко насилство.

Меѓу петтемина кои бараат амнестија се и вработениот во УБК, Оливер Радулов. Тој заедно со други двајца од УБК влегол во посебните простории ги одзел и ги изнесувал хард дисковите од собраниските безбедносни камери.

Според најавите на адвокатите, во понеделник барање ќе поднесат и пратеникот Сашо Василевски и Александар Василевски – Нинџа. Обвинтетите имаа рок од пет дена да поднесат барање за амнестија. Рокот истекува во вторник.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ ќе го блокира Законот за амнестија

Александар Тодески

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе го напуштат собранието ако се стави европско знаменце на амнестијата

Орце Костов

Министерство за правда: Законот за амнестија нема да се носи со европско знаменце

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Со сите демократски и парламентарни методи ќе го спречиме донесувањето на законот за амнестија

Предлог законот за амнестија целосно ослободува 286 лица

Законот за амнестија ќе биде доставен во Собрание , потполно ослободување за казна затвор до 6 месеци, нема амнестија за тешки кривични дела