Костадинов: 10 годишното владеење на Никола Груевски и неговите соработници завршува

Од:

Пред седум месеци, на 3 април, обвинетиот Никола Груевски, од овде сечеше лента и вети дека за два месеца ќе отпочнат со работа неколку државни институции во овој објект, вели Костадин Костадинов, портпарол на ОО СДСМ Струмица.

Седум месеци по сечењето на црвената лента, оваа зграда остана празна. 

Дел од државните институции кои требаше да се сместат тука, се уште плаќаат кирии за просторот којшто го користат.
 
Овој пропаднат проект е уште еден доказ за расипничката и криминална политика на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ не може да реализира ниту еден проект во Струмица затоа што 10 години мислеа само на тоа како да се збогатат. 

10 годишното владеење на Никола Груевски и неговите соработници завршува. 

На 11 декември доаѓаат промените. Ние имаме план за живот во Македонија, којшто ќе обезбеди подобар живот и сигурна иднина за сите, затоа што секој е важен.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајна несреќа во Струмица, повредени неколку лица

А1он

Струмичани ќе се возат во јапонски автобуси од 700.000 евра

Орце Костов

Најмногу дожд во Струмица

Во Струмица мерки за заштита од загадениот воздух

Мајка од Струмица e осомничена за запуштање и малтретирање на дете

Горан Наумовски

Трите деца од семејството на девојчето кое се лекува од тешки повреди во Клинички во Скопје ќе добијат старател

Катерина Ѓуровски