Мониторинг извештај: АВМУ И МРТ чекаат да почнат реформите во медиумите

Од:

Во овој период, а особено од објавувањето на „Извештајот на Прибе“, АВМУ и МРТ чекаат да почнат договорените реформи во медиумската сфера. Има извесни подобрувања во работата на АВМУ, иако и понатаму остануваат забелешките околу составот на Советот на Агенцијата и политичките влијанија врз него. Таквото влијание особено е видливо во одлуката да го проследи Годишниот извештај на АВМУ за 2016 година со заклучокот дека сите медиуми биле политички пристрасни, или кон власта или кон опозицијата.цПоради очекуваните реформи, препораките се воопштени и повеќе се однесуваат на целокупниот законодавен третман на АВМУ и МРТ отколку на поединечни аспекти од нивното работење.

Ова се наједува во мониторингот на Центарот за развој на медиуми кој во периодот од 1 јануари до 31 март 2017 година ја следел работата на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги, со присуство на седниците на Советот на АВМУ. Исто така, ЦРМ ги земал предвид и одлуките на Агенцијата објавени на нејзината интернет-страница, а претставници на организацијата присуствуваа и на јавните состаноци и другите јавни настани организирани од страна на регулаторното тело.

ЦРМ ја следел и работата на јавниот радиодифузен сервис, односно на Програмскиот совет на МРТ, и покрај огромните потешкотии предизвикани од нетранспарентното работење на Програмскиот совет, често спротивни на јасната законска обврска дека неговите седници се јавни.

 

 

Би можело да ве интересира

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on

Влада донесе предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми

Предраг Петровиќ

Босанац: Не може да постои демократија без слободни медиуми и без граѓанското општество

Белата куќа им забрани на Ројтерс, АП и други медиуми да известуваат за состанокот на владата

Директорката Иљази им забрани на вработените на Токсикологија да даваат изјави за медиумите

A1on