Второ авионско прскање против комарци во Кочанско

Од:

Општина Кочани утре изутрина во периодот од 4 до 8 часот ќе спроведе акција за прскање против комарци која ќе се реализиора во повеќе населени места во општината. Запрашувањето ќе се врши од воздух со авиотретирање во кое ќе биде употребен широкопојасен инсектицид одобрен од Бирото за лекови.

За оваа намена општината склучи договор со компанијата „Бони ер“ од Куманово. Со авионското третирање против комарците ќе биде опфатена површина од 3.400 хекатри во централното градско подрачје и приградските населби и дел од населените места во полскиот дел од општината.

Од општина Кочани апелираат до сите сопственици на пчелни семејства да ги заштитат во временскиот период на третирањето на површините од комарци.

До крајот на август општината ќе спроведе уште една акција за уништување на комарците од земја. Досега се реализирани три акции за уништување на комарците и тоа две од земја и една со авиотретирање. За оваа намена општина Кочани од сопствениот буџет обезбеди 1,542 милиони денари, што е за 200 илјади денари повеќе од минатата година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

Семејствата на загинатите во „Пулс“: Kај нас празниците болат најмногу, ги броиме празните столчиња

Предраг Петровиќ

Поради дефект на 110 киловолтниот долновод делови од Кочани без струја

Полицијата поднесе кривична пријава за директорка од Кочани

Мицкоски: Поддршка за семејствата од Кочани, правдата треба да ја донесе судот