Валентин Груевски избран за претседател на Советот на општина Битола

Од:

Советот на општина Битола го избра Валентин Груевски за нов претседател на Советот.

Одлуката е донесена со мнозинство гласови од советниците на СДСМ и Коалицијата, советниците од коалицијата „Поинаку“ и еден советник кој ја претставува коалицијата на ДУИ во Битола или вкупно 20 советници дадоа поддршка, додека против гласаа 11 советници од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата.

Валентин Груевски беше член и во претходниот состав на Советот на општина Битола, професионални вработен во ЈП „Пазари“-Битола, и е актуелен претседател на општинската организација на Либерално демократската партија.

– Советот на општина Битола ќе биде отворен за соработка со сите граѓани, апелирам советниците да бидат чесни во својата работа и да ги следат интересите на градот. Советот на општина Битола нема да биде затворен круг во кој ќе си зборуваме сами со себе туку напротив ќе зборуваме за проблемите на граѓаните за да ги решаваме. Советот ќе биде коректив но и поддршка и затоа во мандатот што ни е доверен ќе барам посветеност од секој избран член на општинскиот Совет, посочи Груевски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Изборот на Мартин Костовски за кандидат за градоначалник е доказ дека Заев сеуште владее со СДС

СДСМ во Струмица за градоначалник го предлага Марјан Даскаловски – Костадинов не е дел од трката за локалните

А1он

Битолчанец платил 22.500 евра за да му се вработи синот во МВР

Полицијата трага по 22-годишен разбојник кој ограби фризерски салон во Битола

ВМРО-ДПМНЕ: Заев му издиктира на Филипче кадри кои ќе загубат на изборите, обременети со скандали и приказ на хаосот во СДС

СДСМ објави 19 кандидати за градоначалници