Заробени Британци преку руска телевизија бараат да бидат разменети за Медведчук; Со слично барање и Медведчук

Од:

На руската телевизија се појави видео од двајца заробени британски доброволци. Шон Пинер и Ејден Аслин беа заробени во Украина, а на руската државна телевизија побараа од британскиот премиер Борис Џонсон да договори размена со уапсениот олигарх и политичар Виктор Медведчук.

Не е познато колку заробените Британци можеле слободно да зборуваат.

Семејството на заробениот Пинер побарало тој да биде третиран како воен заробеник и да се почитуваат меѓународните права.

Утрово Украина објави видео на кое Медведчук го моли рускиот претседател Владимир Путин да го размени за борци од Мариупол, јави Би-Би-Си.

Во меѓувреме, украинскиот проруски политичар Виктор Медведчук, кој беше уапсен минатата недела, побара од рускиот и украинскиот претседател да го искористат во размена со украинските бранители и жителите на опколениот јужен град Мариупол.

Медведчук (67) се смета за најблизок сојузник на рускиот претседател Владимир Путин во Украина. Тој беше во домашен притвор во главниот град Киев – но побегна набргу откако Русија ја нападна Украина на 24 февруари. Откако беше повторно приведен од украинските сили, Киев соопшти дека го спречила обидот на Москва да го извлече од земјата.

Западни медиуми јавија дека Путин е кум на ќерката на Медведчук, кого Украина го товари за предавство. Тој негира дека сторил нешто лошо.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски

САД воведоа нови санкции против Русија

ВИДЕО: Се појави наводна снимка од рускиот напад на Украина со балистичка ракета

Катерина Ѓуровски

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Блумберг: Украина лансираше британски ракети кон Русија